Ветеринарен центар има своја клиничка лабораторија, за спроведување на тестирањата и издавање на извештаи.
Во нашиот центар се извршуваат тестирања на крв, измет и урина. Како и кај хуманата медицина, клиничката основа врз лабораториските тестови ни помага во дијагностицирањето и лекувањето на најразновидните патологии.
Испитувањата треба да се вршат на празен стомак и крвта да се зема вообичаено од видливите вени на екстремитетите а може и одјугуларната вена (врат), бидејќи тоа е полесен начин за пристап, кој предизвикува помалку непријатности кај животното.
Најчести видови на лабораториски испитувања кои се вршат во Ветеринарен центар се:
- КРВНА СЛИКА (ERY, LEU, HGB, PCV, MCV, MCH, MCHC, PLT)
- БИОХЕМИЈА –СПЕКТРОФОТОМЕТРИЈА (ALT, AST, AP, CK, g-GT, BIL-total, BIL-Direct, TOTAL-PROTEINS, АЛБУМИНИ, КРЕАТИНИН, УРЕА , ГЛУКОЗА, ФОСФОР-неоргански, КАЛЦИУМ, ХЛОР, МАГНЕЗИУМ, ЈОД .
Резултатите од биохемискиот профил се под постојана квалитетна контрола која вклучува проценка по вообичаени стандарди. - АНАЛИЗА НА УРИНА (леукоцити, нитрити , ph, специфична тежина, протеини, глукоза, кетонски тела, уробилиноген, билирубин, крв, креатинин, уреа, седиментација на урина).
- КОПРОЛОШКА АНАЛИЗА (Откривање на паразитски јајца во фецесот на животните користејќи техники на седиментација и флоатација)