Ехокардиограм

Ехокардиограмот кај кучиња и мачки е ултразвучен преглед кој користи рефлектирани звучни бранови (ехо) за да се добие сликата на срцето и неговите структури.

Покрај ехокардиограмот, може да се користат и низа други тестови и прегледи за да помогне во дијагностиката на ветеринарот и во неговата работа.

Како и кај нас луѓето, на домашните миленици им е потребно посебно внимание во случај на срцеви заболувања. Ветеринарот ќе искористи неколку тестови кои се вообичаени за луѓето, но кои многумина од нас можеби никогаш не ги сметале за неопходни и кај животните.