Клинички преглед и вакцинација

Доколку се одлучите за купување на куче или маче, препорачуваме да го донесете на општ клинички преглед, каде што ќе биде прегледано на можни наследни болести и аномалии кои може да се забележат уште од најрана возраст. Внимателен и темелен општ клинички преглед од страна на искусен ветеринар е од исклучителна важност за одржување на здравјето на вашиот миленик.

Одговорните сопственици први ги забележуваат знаците на болест! Грижата за здравјето на вашето милениче започнува дома. Не се плашете да ја погледнете усната и носната празнина, очите и ушите, како и шепите. Промената во нивото на активност, честото мокрење, повраќање и дијареја, зголеменото чувство за жед итн. можат да посочуваат на заболување. Доколку забележите нешто невообичаено кај вашето милениче, не се двоумете и контактирајте не.

Секое милениче мора да поседува сопствена ветеринарна здравствена книшка, која вклучува и картон за вакцинација, каде што се запишуваат сите аплицирани вакцини. Правилна и навремена вакцинација е услов за заштита на вашиот миленик од сериозни болести кои имаат тешка клиничка слика и можат да завршат фатално. Освен вакцинацијата потребна е и дехелминтизација, односно разглистување, која се изведува на редовните прегледи кај вашиот ветеринар.

Календар на вакцинација против инфективни болести кај кучиња

болест

старост при 1. доза

старост при 2. доза

старост при 3. доза

ревакцинација

Парвовироза

6 до 8 недели

10 до 12 недели

14 до 16 недели

по една година, потоа на 3 години

Коронавирус

6 до 8 недели

10 до 12 недели

14 до 16 недели

годишна

Хепатитис

6 до 8 недели

10 до 12 недели

14 до 16 недели

по 1 година, потоа на 3 години

Кучешка чума

6 до 8 недели

10 до 12 недели

14 до 16 недели

по 1 година, потоа на 3 години

Параинфлуенца

6 до 8 недели

10 до 12 недели

14 до 16 недели

годишна

Лептоспироза

10 до 12 недели

14 до 16 недели

/

годишна

Борелиоза

10 до 12 недели

14 до 16 недели

/

годишна

Беснило

3 до 4 месеци

најмногу 1 година од првата доза

најмногу 1 година од втората доза

на секои 3 години

Календар на вакцинација против инфективни болести кај мачки

болест

старост при 1. доза

старост при 2. доза

ревакцинација

Мачешка чума

8 до 10 недели

12 до 14 недели

по една година, потоа на 1 до 3 години

Херпесвирус

8 до 10 недели

12 до 14 недели

по една година, потоа на 1 до 3 години

Калицивирус

8 до 10 недели

12 до 14 недели

по 1 година, потоа на 1 до 3 години

Кламидиоза

8 до 10 недели

12 до 14 недели

годишна

Мачешка леукоза

8 до 10 недели

12 до 14 недели

годишна

Беснило

над 3 месеци

/

на една до 3 години

Микроспорија

12 недели

/

годишна