Превентивна ветеринарна медицина
- Вакцинација
- Микрочипирање
- Заштита од внатрешни и надворешни паразити
- Генетско тестирање
- Посредување на документи за патување на миленици
Ветеринарна дијагностика
- Специјалистички прегледи
- Хематолошка анализа
- Биохемиска анализа
- Брзи тестови за вирусни и векторски болести
- Копролошки анализи
- Микроскопски анализи
- Анализа на урина
- Рентгенологија
- Ултрасонографија
Онкологија
Ветеринарна онкологија е гранка на ветеринарната медицина која се занимава со дијагностика и третман на туморите кај домашните животни.
Најчест тип на тумори кои се дијагностицираат кај кучињата и мачките се тумори на кожата, која е најголем орган на нивното тело.
Статистички, женските кучиња најчесто страдаат од тумори на млечната жлезда (над 50%), а по нив тумори на сврзното ткиво и устата (над 9% и над 8%), а дури и 6% се дијагностицирани и со меланом.
Кај машките кучиња, најчести се тумори на сврзното ткиво (над 17%) и на тестисите (над 16%), а меланомите се застапени со 14%.
Лимфомите кај кучињата се дијагностицирани со 10% кај машките кучиња, и 5% кај женските кучиња.
Раната дијагностика на туморските промени кај домашните миленици е од есенцијално значење за успешно отстранување на туморот и позитивна прогноза на пациентот.
Стоматологија
Ветеринарна стоматологија е гранка на ветеринарната медицина која се занимава со здравјето на устата кај домашните миленици со превенција, дијагностика и третман на стоматолошките болести кај кучињата и мачките. Во нашата амбуланта се грижиме за оралното здравје на вашите миленици преку чистење на забен камен со ултразвук под целосна анестезија, отстранување на млечни заби кои не паднале сами а никнале трајните, третирање на забен кариес кај кучиња и сл.
Прочитај повеќе + »Груминг
Груминг одделот во Ветеринарен Центар се занимава со естетскиот изглед на вашиот домашен миленик. Нашата грумерка професионално се грижи вашето куче да има фризура по најновите трендови и блескаво чисто.