Со над 20 годишно искуство во областа на хирургијата, продолжуваме да ги следиме најновите хируршки протоколи и методи во ветеринарната пракса. Изведуваме сложени хируршки процедури од областа на мекоткивната хирургија, ортопедијата и офталмологијата во различни стадиуми на анестезија. Благодарение на постојаниот неинвазивен мониторинг над пациентот, за време на операцијата ја следиме работата на срцето (крвен притисок и пулс), фреквенцијата на дишење, телесната температура и сатурацијата со кислород. Операциите се одвиваат на загреана хируршка маса која дополнително ја одржува нормалната телесната температура на пациентот за време на анестезијата.
Меѓу најчестите хируршки процедури кои се изведуваат во Ветеринарен Центар спаѓаат стерилизацијата и кастрацијата, но и хируршки санации на рани, тумори и фрактури.
1. Мекоткивна хирургија
- хирургија на уво, нос и грло
- тонзилектомија
- блефаропластика
- хируршко лечење на перфорации, рани и тумори на окото
- хируршко лечење на протпозис на очното јаболко, ентропиум, ектропиум и cherry eye
- хируршко лечење на девијација на ушниот канал
- хируршко лечење на папиломи, полипи и фистули
- хируршко отстранување на страни тела во дишникот
- хируршко лечење на трахеален колапс и скршеници на трахеални прстени
- хируршко лечење на пневмоторакс
- перикардиоцентеза
- хируршко отстранување на срцеви паразити кај куче
- хируршко отстранување на тумори
- хируршко лечење на трауматски повреди и пролапсуси
- хируршко лечење на различни видови на хернии и торзии
- хируршко лечење на пиометра
- хируршко отстранување на страни тела и ресекција на црева
- хируршко отстранување на органи и делови на органи (лобектотомија, гастротомија, спленектомија, ентеротомија, уретротомија…)
- хируршко лечење на болести на урогениталниот тракт, уретростомии
- царски рез
- стерилизација и кастрација
2. Ортопедија
- хируршка санација на различни видови на скршеници на екстремитетите, вилицата и пршлените
- хируршко лечење на луксации и сублуксации (исчашувања)
- хируршки операции на лигаменти и тетиви
- остеотомии
- ламинектомија и хемиламинектомија
- артродеза
- миелографија
По операцијата нашите пациенти добиваат болничко лекување и соодветна нега, која ја прилагодуваме за секој пациент поединечно (линк до Болничко лекување страната). Нашиот ветеринарен тим е секогаш достапен за сите прашања кои ги имаат сопствениците во текот на пред-оперативната и пост-оперативната нега. Сопствениците остваруваат индивидуален контакт со својот матичен ветеринар и дополнителни совети и упатства за домашна нега на миленичето.