Микрочипирањето претставува корисна практика со која можете полесно да го пронајдете вашето милениче доколку се изгуби.
Согласно законот за заштита и благосостојба на животните, сопствениците на кучиња и мачки имаат обврска да го идентификуваат и регистрираат својот домашен миленик (АХВ).
Микрочипот е чип со големина на зрно ориз, кој се аплицира со посебен апликатор под кожата на вратот од страна на вашиот ветеринар. Во микрочипот се запишани податоци за миленичето и неговиот сопственик и истите можат да се прочитаат со посебен инфрацрвен читач. Сопствениците треба да го микрочипираат своето милениче пред да го вдомат и да го пријават кај матичниот ветеринар доколку го дадат на друг сопственик или го изгубат.