Онкологија

Малигните заболувања стануваат се почести дијагнози во ветеринарната медицина и претставуваат закана за здравјето на животните.

Во Ветеринарен Центар имаме соодветни услови и обучен тим за нивна навремена дијагностика и рано лекување. Правиме различни видови на биопсии за да добиеме цитолошки и патохистолошки анализи на заболеното ткиво, по што го одредуваме стадиумот на болеста.

Употребуваме хируршка метода на лечење, системска хемотерапија и различни видови на потпорни лекувања. Нашите пациенти добиваат целосна посветеност и внимателна нега во текот на целото лекување.