Ние сме прва ветеринарна амбуланта во Македонија, која во 2022 година воведе дигитален рентген за подобрување на дијагностиката на животните. Рентгенската слика е достапна по само неколку секунди по сликањето и може да се анализира непосредно на екранот.
Рентгенската дијагностика е неопходна за анализа на скршеници и луксации, дијагностика на артритиси и остеосаркоми. Честопати се употребува и за дијагностика на состојби како пневмоторакс и хидроторакс, страни тела во абдоминалната или торакалната празнина, дијафрагматски хернии, торзии на црева, мегаколон итн. кои спаѓаат во мекоткивната хирургија.