Отворено работно место: ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР – АДМИНИСТРАТОР
Локација: Ветеринарен Центар, Козара 64/1, Скопје
Рок за аплицирање: 20.10.2025
Дали сте организирана, комуникативна и дигитално вешта личност која сака динамична и одговорна работа во професионална средина?
Можеби токму Вие сте личноста која ја бараме!
Што нудиме:
- Работа во мотивиран, професионален и пријателски тим
- Развивање на комуникациски, организациски и менаџерски вештини во реално деловно опкружување
- Менторска поддршка и континуирано учење од поискусни членови на тимот за професионален и личен развој
- Учество во креирање и подобрување на внатрешни организациски процеси, маркетинг активности и идеи за раст на компанијата
- Пријатна и инспиративна работна атмосфера за љубителите на животни
Вашата улога ќе биде:
- Комуникација со клиенти на македонски и англиски јазик – во живо, телефонски и преку е-пошта
- Менаџмент на администрација на пациенти – закажување на термини и управување со податоци на пациенти
- Реализација и евиденција на наплата – користење на софтверско решение и фискален апарат
- Системска евиденција на логистика и добавувачи
- Поддршка при комуникација и организација на тимот
- Промоција на вредностите и услугите на компанијата – маркетинг
- Препознавање на тековни потреби и предлози за унапредување на организациските процеси
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на менаџмент, бизнис или маркетинг
- Одлично ракување со компјутерски алатки (MS Office, интернет алатки, административен софтвер, фискален апарат)
- Поседување на одлични писмени и усмени вештини за професионално и јасно изразување во деловна комуникација
- Желба за комуникација со клиенти – љубезен и трпелив однос
- Одлично познавање на странски јазици, вклучувајќи англиски јазик
- Искуство како оперативен, административен или офис менаџер, рецепционер/ка или фронт деск менаџер – пожелно
- Желба за напредок и активно вклучување во организациските процеси на компанијата
- Позитивен однос во работна средина каде што има присуство на животни
Испратете го Вашето CV со фотографија и кратко мотивациско писмо на contact@veterinarencentar.mk со назнака Оглас за оперативен менаџер – администратор.
Само кандидатите кои ќе бидат одбрани во потесен круг ќе бидат контактирани за спроведување на интервју.
Аплицирајте најдоцна до 20.10.2025.
Вашата апликација ќе биде третирана со целосна дискреција и во согласнот со Законот за заштита на личните податоци. Со испраќањето на апликацијата се согласувате Вашите лични податоци да бидат употребени за процесот на селекција.