10 златни правила


Животот со домашен миленик е прекрасна работа. Втемелувањето на карактерот на вашиот четвороножен пријател е една од поважните работи кој мора да ги направите кога тој е млад и способен да учи.

Тоа е периодот на развој кој започнува од најраните денови (околу двомесечна возраст па се до пубертетското созревање (осум месеци до 1 година)

Затоа треба да се придржуваме на десетте златни правила:

  1. Немојте да го храните вашето куче со храната која е ваш оброк.Љубовта спрема него не се изразува преку делење на вашиот сендвич или чоколадо со него
  2. Секогаш хранете го вашето куче дури откако Вие ќе завршите со својот ручек!.Доминантните водачи на чопорот секогаш јадат први.
  3. Не дозволувајте му да спие со вас во спалната соба.Таа нека биде ваше интимно место
  4. -Не дозволувајте вашето куче да спие на фотеља или тросед,Најдоминантните секогаш ги завземаат највисоките места.
  5. Чешлајте го вашето куче секојдневно.Така се создаваат хигиенските навики и тоа ја втемелува вашата доминација врз него
  6. Никогаш при игра  не дозволувајте вашето куче да ве гризе по рацете и нозете.Тогаш остро искритикувајте го и веднаш престанете со играта. На овој начин му кажуваме дека забите не се употребуваат за играње. Во подоцнежниот период кога кучето ке стане силно може да ја злоупотреби оваа лоша навика.
  7. Немојте вашето куче да е иницијатор во секојдневието. Ако сака да ви покаже дака сака да си игра  а вас не вие до тоа,или сака да се шета по врнежливо време сосема природно одложете ја прошетката. Никогаш први не тргнувајте кон него, дозволете прв тој да го стори тоа. Доминантните членови не одат кон потчинетите.!
  8. Секогаш дома први влегувајте низ влезната врата.  Доминантните членови секогаш се први.
  9. Секогаш при прошетките немојте да вртите околу вашиот миленик.
  10. Кога се шетате често менувајте го правецот на движење. На овој начин вие сте предводник на чопорот кој јасно го менува темпото и правецот на шетањето.Почитувањето на овие хиерархиски правила на многу едноставен начин му покажуваат на миленикот дека и покрај остапувањето од некој природни нагони  тој мора да се однесува според законите на модерното живеење на неговиот господар.