Алергии од храна


Алергиски реакции причинети од храна

Според начинот на исхраната кучињата припаѓаат на големата група на месојадни животни чија основна храна биле месото и коските на животните кои биле жртви на ловот Нивниот начин на исхрана е задржан и до ден денес и тој се состои од енергично брзо и лакомо јадење без оставање траги зад себе.Социјализацијата и живеењето на кучињата во непосредна близина со човекот наметнува посебна проблематика во современата ветеринарна медицина.Од оваа констатација произлегува прашањето колку храната преставува сериозен здравствен проблем? Како еден од најчестите проблеми се и алергиските реакции предизвикани од храна.

Алергија преставува сложена реакција на организмот како одговор од некоја непозната материја. Под алергија се подразбира пореметување на организмот која настанува како последица на хуморална и целуларна имунолошка реакција. Ваквата специфична стекната состојба на организмот настанува само при повторно внесување на иста супстанција. Материјата или супстанцијата која доведува до алергиска реакција се вика алерген.Спрема обликот алергените се делат на ;

-инхалациони(поленов прав,влакна,прашина)

-алиментарни(храна,белковини јајца,млеко,лекови)

-контактни(козметички средства,синтетика,кожа)

-инфекциони(разни серуми и вакцини)

-физички(студ,сончева светлина и др)  

                                                     
Кога станува збор за алергиските реакции на организмот за кои причина е храната разликуваме два облика на алергии:

-примарна

–секундарна

Кај примарниот облик станува збор за вродена аномалија при која организмот реагира на некоја материја уште од првите денови од животот(на пример од житарици)

Кај секундарните облици на  алергии  кучињата реагираат на некои компоненти,состојки или преработени компоненти кои се составни делови на некоја хранлива материја.Синтетички витамини,антиоксидансите,конзервансите,некој ароматични материи се употребуваат за подобрување на вкусот изгледот и воопшто квалитетот на хранливите материи

Сопствениците на кучиња кои сами ја подготвуваат храната на своите миленици честопати користат намирници во пократки временски период (сирови говедски коски или пилешки ситнеж сварени со ориз,па нагло промена преку свинско или коњско месо помешано со леб и сл) Ваквиот начин на исхрана  е провокатор за појава на алергиски реакции.Најчести знаци за појава на алергиска реакција кај кучињата е преку уртикариите(сплескано плочести издигнувања на кожата со црвеникава боја). Нивниот интензитет зависи од  интензитетот и количината на алергенот (внесената храна).

Заболувањата на некој внатрешни органи како црниот дроб, бубрезите, панкреас, парааналните вреќички можат да бидат причина за појава на алергиски реакции.

Секогаш кога се работи за алергиски реакции кои се манифестираат преку реакции на кожата потребна е поставување на темелна дијагноза. Како една од класичните методи за доаѓање до вистинска дијагноза е и исклучување на некои компоненти од оброците на домашните миленици (елиминациона диета).

Хипоалергена диета  се состои од давање на константни оброци од јагнешко или мисиркино месо измешано со ориз .Диеталниот оброк мора да содржи само еден вид протеин и тоа тој треба да е во хидролизирана форма.Општо е познато дека протеините се причинители за алергиските реакции. Контактите со ветеринарниот лекар овозможуваат да се примети разликата на чешањето. Ако интензитетот на чешањето на домашниот миленик се намалува може да се каже дека се работи за алергиска реакција причинета од храна. Терапијата би се менувала на секои две недели при што селективно би се додавале или одбивале материите кои би го предизвикувале организмот на алергиски реакции.

Најчести симптоми кои го наведуваат сопственикот да побара помош од стручно лице се :

-Интензивно и упорно чешање

-лижење на одреден дел од телото

-Зголемено првутење

-исфрланост по целото тело(највидливи се непокриените делови со влакна)

-Промени по кожата во вид на егземи

-Воспаление најчесто околу ушите

-Промени на стомачниот апарат (проливи,повраќање и сл)

За дијагностицирање на алергиите од овој тип потребно е трпение, дисциплина во диеталниот режим и постојан контакт со стручно лице. Денес за олеснување на дијагностиката при овие алергии постојат готови изработени комерцијални храни кои многу помагаат во лекувањето на алергиите од овој тип.

Освен нутритивната терапија во ветеринарната медицина се користат и лековити материи кои имаат задача да ги намалат или комплетно остранат причините на ваквиот тип на дразба. Најчесто употребувани раствори за надворешна употреба се: јаболков оцет, алкохол 70%, засолена вода, 0,1-0,5%калиев перманганат, риванол, сода бикарбона или ментолов шпиритус.

За парентерална употреба се користат општо прифатените лекови од групите на антихистаминици, кортикостероиди, витамин ц, калциумови соли, натриум тиосулфат и др.