Авитаминози


Витамините не се хранливи материи но имаат огромно влијание во многу биохемиски процеси во организмот.Секој недостиг или дисбаланс на витамините предизвикува нарушување на разни функции и кај старите а особено кај младите организми кои се во интензивен развој или кај организми кој заздравуваат од прележани тешки болести.

Витамините во секојдневната исхрана се среќаваат во форма на провитамини кои потпомогнати од организмот кој што ги абсорбирал ја добиваат вистинската вредност.

Во пивскиот квасец се наоѓаат провитамините на витамините од групата на Б комплекс,во рибиното масло има вит А и Е,црниот дроб на рибата бакалар е богата со вит Е.

Недоволното внесување на витамини во организмот резултира со појава на клиничко видливи знаци  кои под едно име се викаат авитаминози.

Авитаминоза причинета од недоволно внесување на вит А:

Витаминот А е заштитник на епителното ткиво и слузниците .Со недостатокот на витаминот А се јавуваат пореметувања на очите (во почетокот неспособност на адаптирање на окото во темнина.(кокошкино слепило). Поради дефицит на А витамин се јавуваат дефекти на кожата со нивно првутење,опаѓање на влакното, кожата се задебелува, станува болна на допир итн. Во интензивниот развој кај малите кутриња при оваа авитаминоза се јавува ненормално задебелување на коските на рбетниот столб и черепот при што се зголемува мозочниот притисок што може да причини долготрајна депресија, сонливост, некоординирани движења, слепило, и глувост.

Авитаминоза причинета од недоволно внесување на вит Е:

Витаминот Е е заштитник на плодноста  и има исклучително влијание во зреењето на јајце клетките на герминативната  зона на јајникот и,учествува во процесите на оплодување, зреење и развивање на плодот па се до самиот чин на породување. Многу е важен и за заштита на епителните клетки на крвните садови. Една од тајните на вечната младост на луѓето од античка Грција бил токму вит Е. Во случај на недостиг на овој витамин се јавуваат спонтани абортуси или раѓање на невитални и слаби плодови.

Авитаминози причинети од недоволно внесување на витамини од групата  на  Б- комплекс:

Б1 авитаминоза:

Во 1911 год еден холандски лекар забележал дека кокошките хранети со исполирани зрна од ориз добиваат една болест која подоцна се јавила кај луѓето која била наречена бери-бери. Анеуринот или Б1 витамин го има во лушпата на оризот .Исклучително е важен за метаболизмот на јаглените хидрати при што го регулира количеството на млечната киселина па при негов дефицит се јавуваат грчеви, парези и парализи.

Б 2 авитаминоза:

Недостатокот од овој витамин предизвикува промени на кожата и слузниците  на скроталната ќеса ,на усните и носот. Јазикот добива црна боја. Првутењето на кожата е зголемено а кучињата ги чешаат очите и се јавува коњуктивитис.

Најприродна надополна на организмот со вит Б2 е преку пивски квасец.

Б6 авитаминоза:

Дефицит од овој витамин влијае на зголемена раздразливост на нервниот систем, хиперсензитивност со појава на егземи и чешање на кожата.При недостиг на  вит Б6 се јавуваат и чиреви на слузниците на  стомачниот апарат. Бедоксинот е најкомерцијалниот вит од групата  на Б комплекс кој интензивно се користи.

Б 12 авитаминоза:

Основната задача на овој витамин е во  создавањето на црвените крвни клетки-еритроцитите кои се од непроценливо значење при клеточното дишење .Секој недостаток на овој витамин предизвикува анемија.

Најчести производи во кој се среќава поголемо количество на  овој витамин се квасец,зелени салати,спанаќ а од животинско потекло го среќаваме во црниот дроб, бубрезите, квасецот, жолчка од јајце и воопшто во мускулите.

Авитаминоза причинета од недостаток од витамин К:

До 1929 година се мислело дека крварењата кои започнуваат се причина на дефицит на витамин Ц но со пронаоѓањето на овој витамин се докажало дека тој влијае во процесите на засирување на крвта. Секој недостаток на овој витамин предизвикува крварење од уста, нос, непцата и др.

Терапија при авитаминози:

Здравата исхрана со правилно внесување на хранливи материи е тајната на вечното здравје. Внесувањето на витамините треба да биде пропорционално со потребите на организмот односно активните животни  треба да внесуваат повеќе витамини.

Консултациите и советите на Докторот по ветеринарна медицина имаат многу важна улога во развивањето на вашето милениче.