Дебелина


Дебелината е висок ризик за здравјето на кучињата

Дебелината  е доста честа појава кај кучињата и таа сериозно може да го загрози нивното здравје. Некои раси на кучиња се се поподложни на дебелеење а причините за ова се уште не се во целост разјаснети. Големо влијание имаат социо-културолошки фактори, навиката  за хранење, наследниот фактор, интервалот на оброците како и движењето. Вишокот килограми најмногу е застапен кај категориата на  средно возрасни кучиња од 6-8 години. Најчесто споменувани проблеми кои настануваат поради дебелината се дегенеративните промени на зглобовите,  кардиоваскуларниот систем, шеќерната болест, панкреатитис како и замастување на црниот дроб. Освен овие проблеми се спомнуваат и други како подложност на заразни болести, проблеми со кожата, туморски творби и сл.

Дебелината преставува  патолошка состојба на наталожување на преголема количина на масти во организмот отколку што нему му е потрбна за оптимално функционирање. Комбинацијата  на преголемо земање на храна и слабо движење  во најголем дел е причина за дебелеење. Метаболичките пореметувања како и дисфункцијата на некои жлезди со внатрешно лачење  имаат  големо влијание  на  телесната маса. Понекогаш кога е потребно подолготрајно земање на лекови постои  можност за засилен апетит  а со тоа и дебелеење. Трудните кучки и тие што дојат поради послабото движење а од другастрана  заради поголемата потреба за храна преставуваат  ризична група.

Најчести причини заради кои Вашето куче може да стане дебело!

    1) Неприлагоденост на храната  во прекумерни оброци

    2) Редуцирано движење или никаква физичка активност

    3) Давање на  “грицки”, храна како награда или частење со остатоците од ручекот

    4) Подржување на апетитот како знак за добро здравје

    5) Злоупотеба на храната и нејзино користење за зацврснување на врската меѓу сопственикот и кучето.

    6) Поддржување на кучето да моли за храна

7) Компензација со храна кога треба да остане сам дома

Способноста на сопственикот да умее да препознае дека неговото куче има прекумерна тежина  е појдовна точка .Програмите за слабеење се темелно изработена анализа со која најбезболно би се отргнале сите здравствени тегоби  кои ги причинува прекомерната дебелина.

Клиничкиот преглед 

Пред почнување на било која програма за слабеење неопходен е темелен преглед на организмот  со што би се утврдило дали организмот боледува од некоја хронична и неизлечива болест, каков му е хормоналниот статус, комплетен преглед на крвта дали кучето страда од некоја дегенеративна  ортопедска болест и сл.

Успешен програм за слабеење вклучува намален внес на храна и трошење на натрупаните залихи преку вежбање. Бидејки квалитетно изработените програми се безопасни во смисла за наглата редукција на потребни витамини и минерали тие траат подолго (6-12 месеци). Во овој период статистички се води контрола на видот количината и енергетската вредност на секојдневните оброци. Преку рестрикцијата на енергијата  во оброците  тенденциозно се намалува масното наталожено ткиво а строго се води контрола за градивниот (протеинскиот дел изразен преку мускулна маса дел на телото. Кучињата многу добро (во однос на други животни) поднесуваат гладување. Сигурно е дека кучето губи 4-5 проценти  од телесната маса за недела дена. Со строго контролирана постапка се намалува внесот на енергија во оброците. Ова не смее да значи намалување на готовиот оброк на пола   затоа што на тој начин се намалуваат и  есенцијалните потреби  од витамини минерали  и олигоелементи. Постојат готови ветеринарни диет храни кои се даваат  на дебели кучиња. Нискокалоричната храна  е добра да се дава повеќе пати во денот со што би се намалило чувството за глад (заради нејзиниот кабаст дел ) и остранување на навиката на давање на дел од нашиот ручек.

Со контролирањето на тежината  се контролира и физичкиот напор кој не смее да биде премногу радикален.