Демодикоза преставува една од најтешките паразитарни заболувања на кожата кај кучињата. Причинителот се вика Демодекс фоликулорум канис кој престојува и се размножува во коренот на влакното и во лојните жлезди при што предизвикува сериозни промени на кожата кои може да завршат фатално за организмот. Развојот на паразитот е многу интензивен (околу 30 дена) а од една женка може да се развијат околу сто нови паразити. Кога болеста поминува во хроничен тек паразитите може да се пренесат преку крвта во сите органи при што настанува генерализиран облик. Пренесувањето на болеста е од болни на здрави кучиња, преку користена опрема а со сигурност е потврдено дека заболените мајки преку доењето ја пренесуваат болеста на младите кутриња. Во современата кинологија ваквите кучки се исфрлаат од приплод или за време на почетокот на породувањето со царски рез се вадат кутрињата и се одгледуваат по вештачки пат.
Болеста се јавува скоро кај сите раси на кучиња но сепак постои мислење дека кратковлакнестите раси се поподложни на зараза (Доберман, пинчер, ротфајлер, шар-пеј). До неодамна се сметаше дека болеста запонува да се појавува околу очите и горните делови на предните нозе (особено на внатрешната страна) но денес клиничкото искуство ни покажува дека може да го дијагностицираме и на други места од кожата на пациентот. Демодикозата започнува неприметно без посебни пореметувања на здравјето. Подоцна се јавува проретчување на главата на муцката и образите и понатаму се шири по целото тело. Ветеринарната паразитологија порано класифицираше неколку облици но денес општо прифатени се два облика на болеста: локален облик и генерализиран облик на болеста.
Локалниот облик се манифестира со локална алопеција (недостаток или проредчување на влакното) со црвенило со создавање на рани со красти кои гнојат.
Генерализираниот облик е далеку посериозен со појава на дифузна алопеција црвенило и гноење. Кожата се здебелува и станува сино-виолетова по боја. Кај овој облик на болест чести се секундарни инфекции со гнојни бактерии па самата состојба е сериозна. Заболеното куче слабее, губи апетит и за неколку недели кучето умира во крајна изнемоштеност.
Дијагнозата на демодикозата се врши со помош на лабараториско испитување на земени струготини од променетето место натопени во 10 остотен раствор на калиум хидроксид.
Терапијата е комплексна и долга и бара комплетно промена на нутритивниот режим,условите на чување .
Шуга
Шугата или крастата е многу честа кај кучињата, особено кај кучињата кои немаат уреден здравствен статус. На прво место ги вбројуваме кучињата скитници но неретко таа се дијагностицира и кај домашните миленици. Како најчести причинители се јавуваат
-Саркоптес е шугарец кој се локализира на главата околу очите вратот, носот и долната вилица. Многу е експанзивен и за кратко време се шири по цело тело. Предизвикува интензивно чешање при што се шири по целото тело.
-Нотоедрес родот ги напага малите кутриња во леглото. Промените се јавуваат на главата
-Отодектес или ушна шуга и се јавува кај кучиња кои имаат соборена ушна школка и релативно по долг ушен канал.
Шугарците се хранат со телесните сокови, крвни клетки епителни клетки .Поради нивната агресивност многу се прогресивни и за разлика од демодексот предизвикуваат немилосрдно чешање.
Паразитите многу често причинуваат заболувања кои се пренесуваат на лугето. Поради оваа причина потребна е ургентен и професионален пристап во лекувањето