Дерматофитоза


Дерматофитозите  припаѓаат во габичните зоонози кои можат да бидат вистински проблем како за животните така и за сопствениците. Кај домашните миленици најчесто на заболената кожа можат да се детектираат преставниците од фамилиите на Микроспорум и Трихофитон.

Основен начин на заразување и пренесување на габичките е преку контакт болно (заразено ) со здрав приемчив организам .Употребата на контаминирана опрема, инструменти и прибор потенцијално може да предизвика заболување па дури 50 % од заразените покажуваат видливи знаци на заболувањето.

Кај кучињата инфекциите се од локален карактер па најчести променети места се јавуваат на  образите,  ушните школки  опашката, меѓу прстите. Понекогаш како последица на тешки заболувања (канцер, хормонални заболувања или пад на имунитетот ) се јавува генерализирана форма на габична инфекција. Дефектите на кожа се гледаат како јасно ограничени од здравото ткиво со видливи округли, прстенести промени кои може да се искомбинирани со секундарни бактериски инфекции па така видливо се гледаат красти, мозолчиња или интенивен првут. Чистите габични инфекции обично не чешаат. Кај мачките габичните заболувања се јавуваат како видливи промени на кожата на која е изразена кршливост на влакната со променети голи места обично со округла форма и првут на површината. Кај персиските мачки можат да се јават поткожни промени. Пределекциони места можат да бидат ушните школки, брадата, околу ноктите и меѓу прстите. Мачките можат да бидат асимптоматски преносители на инфекцијата односно да немаат видливи клинички знаци а да имаат способност да заразуваат.

Превентива

Габичните инфекции преставваат сериозна опасност за семејството и животните кои живеат со луѓето. Секогаш кога се набавува животно со амбиции да биде домашен миленик потребно е да се почитуваат основните начела како прв клинички преглед,