ФУС


ФУС (Фелин уринарен синдром)

Состојбата на уремична кома е високоризична за животот на мачката. Предците на домашната мачка биле пустински животни, кои живееле во сиромашни услови сосема спротивни од оние за удобен живот. Заради недостатокот на вода во пустините, мачките имале способност да ја концентрираат својата урина, која пак, како таква, најчесто е подложна на кристализирање. Кристалите, кои се јавуваат кај мачките во неколку форми, се причина за запушување на долните мочни патишта, при што може да се јави заболување кое, со еден збор, е наречено ФУС (Фелин уринарен синдром). При ова непријатно чувство, заболената мачка видно го менува своето расположение. Сопственикот најчесто ја пронаоѓа својот миленик над садот со тоалетен песок, каде со болно мјаукање безуспешно настојува да се измокри, или пак тоа го прави во сосема мали количини. Најчесто урината има примеси на крв или е целосно крвава. Ваквото влошување на здравствениот статус секогаш е проследено со апатичност, повраќање, прогресивно губење на телесната тежина, а секој допир во пределот на стомакот причинува болка, која во целост ја одвраќа од својот сопственик. Ако сопственикот не превземе ништо како последица од задржување на урината во организмот повеќе од вообичаеното време, мачката запага во уремична кома и преставува смртна закана за миленичето.

Статистичките податоци од амбулаторниот дневник укажуваат дека за мачките до една година старост непостои ризик за појава на ова заболување. Постарите мачки, најчесто во периодот по првата и до осмата година од животот, имаат поголемо количество на уринарни кристали, кои можат да ги затнат уринарните патишта. Само кај еден процент од нив се забележуваат уринарните кристали (струвете), кои со сигурност ги запушуваат патиштата. Податоците покажуваат дека поподложни на ова заболување се мажјаци отколку женките, поточно кастрираните мажјаци.

Големите индустриски компании за производство на готова приготвена храна за домашни миленици имаат ветеринарно-диететска и селективно одбрана храна, која има терапевтски карактер. Ваквата храна делотворно делува на спречување на создавањето на уринарни кристали, песок и камчиња. Со давањето на медицинската храна за уринарни проблеми се регулира и киселоста на урината, која треба да е во граница од 5-6,5. Храната содржи и избалансирано количество на магнезиум, кој учествува во спречувањето на кристализацијата на урината. Понекогаш, неможноста за пронаоѓање на комерцијалната храна на нашиот пазар за исхрана на мачките заболени од ФУС може со сигурност да се примени следниот рецепт:

  1. 450 гр свежо говедско месо без масти и жилички
  2. 110 гр говедски џигер (жив или малку обарен)
  3. една шоља (230 гр) сварен ориз
  4. една супена лажица (5 мл) масло за јадење
  5. една супена лажица (5 гр) калциум карбонат (во рерна исушени и измелени лушпи од јајца)
  6. 60-90 мл вода се додава за време на варењето бидејќи е посакувана потечна смеса. Препорачаната дневна количина од оваа храна за мачка е од 110-230 грама, со тоа што не смее да се даваат никакви други додатоци (салами, колбаси и други конзервирани месни производи). Како податок во превентивното делување против ова заболување, е секогаш достапното количество на свежа и питка вода. Со помош на специјалниот ЊТА приправок за зголемување на протокот на вода (Њатер Трансит Агент), мачките консумираат поголемо количество на вода, со што се форсира прометот на водата во организмот, со што се испираат мочните патишта.