Беснило


Беснило-сериозна опасност и во 21 век

За успешна  борба е потребно добро да се проучи непријателот а за борбата против вирусот на беснило може да се каже дека е од животно значење. Преку археолошките ископувања е докажано дека вирусот на беснилото бил присутен на земјата уште и пред нашата ера кога предизвикувал големи загуби. Францускиот микробиолог Луј Пастер 1885 година давајќи ја вакцината на деветгодишното момче кое било изгризано од бесно куче ја отворил новата  страница во историјата на медицината  и оттогаш борбата против беснилото добива нова димензија.

Беснило е акутно заразно заболување кое е причинето од вирус и од кое заболуваат животните и луѓето.(антропозооноза). Во светот беснилото е присутно скоро на сите континенти (освен во Австралија и на некои островски земји како Англија, Исланд). Спрема главниот извор на заразување постојат повеке облици на беснило:
– Артичко беснило е облик на оваа болест која ја пренесуваат поларните лисици.

– На Европскиот континент издиференцирани се два облика на беснило: Урбано беснило кое го пренесуваат домашните животни а особено кучињата, мачките и Силватично или шумско беснило кое го пренесуваат дивите животни. Првичната зараза во човековата средина ја пренело кучето од заразен волк. Урбаниот тип на беснило е најопасен и за жал се уште е потенцијална опасност за животот на човекот (Чести се случаите на урбано беснило во Турција).

Вториот облик на беснило на Европскиот континент е шумското или силватично беснило кое е всушност беснило на лисиците. Први информации за овој тип на беснило се спомнуваат на територијата на Полска  во 1939 од каде брановито се пренело во повеќе држави  па се до денес кога од 36 држави во европа се заразени 25 (тоа е околу 70%).

–Мерки на заштита во случај кога настанува повреда со каснување од животно заразено од беснило!

Беснилото е ланчеста заразна болест и се пренесува со каснување од животно на животно. Од тој аспект човекот е последната алка од ланецот. Инфекцијата настанува кога  заразеното куче го пренесува вирусот преку плунката со каснување (концентрацијата на вирусот во плунковните жлезди е доста висок.) Со навлегување на вирусот во организмот ширејќи се по нервен пат се концентрира во мозокот со препознатливи клинички симптоми. Заразените животни и луѓе се свесни до самата смрт која е неспоредливо трагична.

–Симптоми кај домашниот миленик!

Изненадувачка промена во однесувањето-депресија, кучето се крие на темни и мирни места ,одбива да јаде има хидрофобија, има несигурен од со парализа на задниот дел од телото, долната вилица и бесцелно лута  непрепознавајки го сопственикот. Агресивноста ја покажува со фуриозниот облик на оваа болест кога бесното куче гризе се што ќе му се испречи на патот. Карактеристично за бесните лисици е тоа што тие не се плашат од човекот доближувајќи се до населените места  со тенденција да гризат се пред нив.

–Заштита

Вакцинацијата на домашните миленици, особено животните кои имаат контакт со шумска средина (ловните кучиња, овчарските кучиња,  спасувачките кучиња) и мачките затоа што случајот кај нас пред неколку години беше испровоциран од силватичен облик на беснило на мачка.

–Самозаштита е метод на прва помош при која повредениот (во случајов каснатиот од куче ) треба да ја испере раната со вода, сапун или алкохол со што елиминира поголем дел од вирусот и потоа да се упати во некоја здравствена организација.

–Никако не смее да се усмрти кучето кое каснало некој човек и треба да му се обезбеди изолација со трократен ветеринарски преглед во период од околу две недели(14 дена)

Згрижување, заштита, или во најлош случај ерадикција на кучињата и  мачките скитници е прва и основна мерка во превенција на  урбаниот тип на беснило.